Иако се чинеше дека Џејдон Санчо дефинитивно ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд одлучи да го задржи и следната сезона.
Англискиот крилен репрезентативец беше на чекор до Олд Трафорд. Претходно се договори со Јунајтед, дури и Борусија го прифати обештетувањето од страна на англискиот клуб, но на крајот се пропадна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Борусија на крајот го повика играчот за припремите во Швајцарија, а претходно истакна дека 10. август е последниот ден кога има можност за трансфер.
Санчо не е најсреќниот поради одлуката, но се однесува професионално, го почитува она што клубот го одлучил и ќе ги продолжи припремите за следната сезона со Милионерите. Тоа го потврди и директорот на Дортмунд, Цорк.
„Планираме иднина со Санчо. Ќе игра за нас следната сезона. Одлуката е конечна и мислам дека тоа е одговорот на сите прашања.“ – порача Цорк пред новинарите.