Срѓан, таткото на Новак Ѓоковиќ предизвика бројн реакции кога во јавноста се фотографираше со руски навивачи кои истакнаа знаме со ликот на Путин.
Таквиот потег јавноста го процени како поддршка на Русија во инвазијата на Украина, па се вклучија и луѓе на високи позиции од Украина кои бараа исфрлање на Ѓоковиќ од турнирот. Јасно е дека тоа нема да се случи, но директорот на Австралија Опен, Крег Тајли испрати предупредување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мој совет е дека треба да бидат многу внимателни, бидејќи ова е настан од глобално значење.
Кога имате стотици илјади луѓе кои доаѓаат низ портите, нормално е дека ќе има некои луѓе кои ќе дојдат со намера да го одвлечат вниманието и промовираат свои цели, тие не треа да бидат дел од тоа. Многу добро ме разбраа, беа и вознемирени затоа што се се пренесе на лош начин“, изјави Тајли.
Утре Ѓоковиќ го очекува финалето на турнирот поритив грчкиот тенисер Стефанос Циципас.