Дома Фудбал Италија Дино Ѕоф за враќањето на Бонучи: Кога јас играв, во Јувентус не се даваше втора шанса

Дино Ѕоф за враќањето на Бонучи: Кога јас играв, во Јувентус не се даваше втора шанса

Легендарниот голман на Јувентус, Дино Ѕоф одлучи да го прокоментира враќањето на Леонардо Бонучи во Јувентус.

Бонучи се враќа во Јувентус после само една сезона откако одлучи да го напушти клубот. За негов нов клуб го избра Милан, каде и што ја доби капитенската лента, но не се задржа долго после една сезона одлучи да се врати назад каде и што прифати помала плата.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Многумина ги изненадува одлуката на управата на „старата дама“ да го врати човекот кој кај поголемиот број од навивачите има статус на „предавник“.

„Враќањето на Бонучи навистина ме изненадува. Кога јас бев дел од Јувентус, ако еднаш одлучевте да заминете, сигурно немаше да имате втора шанса. Но, не сум јас тој кој одлучува. Управта на Јувентус до овој момент покажа дека си ја знае работата, па не треба да се сомневавме во нивните одлуки“, смета легендарниот Дино Ѕоф.

Пристигнувањето на Бонучи во Торино се очекува во текот на денешниот ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Само реми за Реал на дебито на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо дебитираше со реми против Ал Хилал на Светското клупско првенство. Младата над…