Дома Македонски спорт Димитриевски ја отвори душата: Тешко ми е што седам на клупа

Димитриевски ја отвори душата: Тешко ми е што седам на клупа

Maкедонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски летово ја промени средината и од Рајо Ваљекано се пресели во Валенсија.

Валенсија очекуваше Димитриевски да биде наследник на Грузиецот Мамардашвили кој на крајот остана и оваа сезона во клубот, иако Ливерпул го откупи неговиот договор.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во таква ситуација, Димитриевски остана на клупата за резерви, а сега во интервју за „Марка“ призна дека тешко му е да седи на клупа.

„Десет години сум прв голман и поради тоа ситуацијата во Валенсија за мене е тешко да ја прифатам. Сега сум во положба да му помогнам на тимот на поинаков начин, бидејќи има многу млади играчи во соблекувалната. Целта е заедно да излеземе во кризата и да ги оствариме најдобрите резултати. Се случуваат чудни работи во фудбалот, ми се случиле и во минатото. Мамардашвили остана, но јас дојдов каде што сакав да дојдам и работам напорно чекајќи ја мојата шанса. Се надевам дека тренерот ќе може да ми даде прилика и дека ќе стигнеме до победи за да ја избегнеме опасната зона“, изјави Димитриевски.

Димитриевски во последните сезони на голот на Рајо бранеше одлично, а бројките покажуваа и дека е еден од најдобрите во шпанската Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…