Репрезентативниот голман на Македонија, Столе Димитриевски сезонава има вкупно 11 натпревари без примен гол во Ла Лига со што го сруши клупскиот рекорд на КонтрераС ОД 1996/1997 година.
Димитриевски во последните три сезони на голот на Рајо собра 284 интервенции и со тоа е трет најдобар голман во Ла Лига во тој период. Нашиот репрезентативец е на одличен пат и до крајот на актуелната сезона да сруши уште еден рекорд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Досега Димитриевски одигра 184 натпревари во дресот на мадритскиот клуб и му недостигаат само уште три за да стане голман со најмногу настапи за Рајо. Во овој момент рекордер е Вилфред.
Ако се знае дека Димитриевски и понатаму е незамнелив овој рекрод се очекува наскоро да биде срушен. Засега не е познато дали Димитриевски и следната сезона ќе биде во Рајо, неодамна се шпанските медиуми го поврзуваа со Валенсија, но македонскиот голман набрзо ги демантираше информациите дека има постигнато договор