Дома Македонски спорт Димитар Илиевски – Мурато пред 32 години застана на врвот на светот 🎥

Димитар Илиевски – Мурато пред 32 години застана на врвот на светот 🎥

На денешен ден пред точно 32 години, Димитар Илиевски – Мурато од Битола направи голем подвиг искачувајќи се на највисокиот врв во светот, Монт Еверест.

Илиевски искачувањето го изведе од јужната страна на Еверест заедно со словенечкиот алпинист Виктор Грошељ, хрватскиот алпинист Стипе Божиќ и шерпасите Сонам и Аџива. Учесници во експедицијата беа уште македонскиот алпинист Борче Јовчевски и водачот Јован Поповски.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Димитар Илиевски за жал не го преживеа спуштањето од врвот и засекогаш остана таму. Причината за неговата смрт остана неразјаснета и до ден денес. Цело време при искачувањето и симнувањето тој бил во одлична здравствена состојба.

Засега некои информации велат дека тој застанал на кратко на 8200 метри да го почека Стипе кој бил зад него и имал проблеми со светилката, а во тој момент заспал.

Во кариерата се има искачено на повеќе планински врвови. Во негова чест на Пелистер подигнато е спомен-обележје. Посмртно ја има добиено наградата Медал за заслуги за Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…