Репрезентацијата на Македонија денес од 20:00 часот ќе игра натпревар против светскиот и олимписки шампион Данска.
За Кире Лазаров и неговиот стручен штаб ова ќе биде селекторско деби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Данска е најсилната репрезентацијата во овој момент, два пати по ред се светски шампиони, но Лазаров порача дека репрезентацијата е спремна да излезе и да се бори за позитивен резултат.
Денес пристигнаа вести дека 23 годишниот Димитар Димитриоски отпаднал од списокот ракометари за двата дуели дома и на гости со Данците поради повреда на коленото.
Крилото на Вардар почувстувал болка, па за да се избегне посериозна повреда тој е изоставен. После откажувањето на Димитриоски Лазаров на крилната позиција ги има Манасков и Кузманоски.
Вториот дуел со Данска го играме во недела во Алборг од 16:00 часот.