Дома Фудбал Диего Симеоне спремен да изгради нов Атлетико Мадрид

Диего Симеоне спремен да изгради нов Атлетико Мадрид

Диего Симеоне ќе остане во Атлетико Мадрид и покрај големите промени и е спремен да изгради „нов“ тим.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


49-годишниот Аргентинец е полн со ентузијазам и е спремен да изгради нов тим кој ќе биде конкурентен да се бори за највисоки цели.

„Ја сакам мојата работа. Сметам дека мојот карактер е ист како на клубот. Со секоја помината година станува се потешко, но можеме да генерираме ентузијазам. Следната сезона ќе има нови фудбалери, јас сум спремен да изградам темели за нови успеси“, изјави Симеоне.

Атлетико веќе го продаде Лукас Ернандез на Баерн за 80 милиони евра, Антоан Гризман објави дека го напушта клубот, а уште неколку важни фудбалери ќе си заминат.

Како слободни играчи заминуваат Диего Годин, Хуанфран и Филипе Луиз, па јасно е дека ова лето ќе следува реконструкција на тимот на „јорганџиите“.

Неизвесна е иднината и на Родри кој е мета на Манчестер Сити, а и на Диего Коста најверојатно ќе му биде отворена излезната врата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите на Вардар титулата ја славеа на срамен начин! (ВИДЕО)

Вардар денеска со победата над Струга ја освои титулата во македонската Прва лига, но на с…