Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста е на излезна врата откако влезе во конфликт со тренерот Диего Симеоне.
Коста ја заврши сезоната со недоличното однесување по црвениот картон во мечот против Барселона. Потоа одби да тренира и влезе во расправија со Симеоне, па медиумите се сигурни дека неговите денови во Атлетико се изброени.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Сепак, напаѓачот нема да чека долго за нов ангажман, зашто тој е голема желба на Наполи, кој би можел летово да тргне по неговиот потпис.
Тренерот Карло Анчелоти ги цени квалитетите на Коста, а според тврдењата на „Кориере дело Спорт“, тој добил дозвола од раководството да го ангажира искусниот напаѓач доколку смета дека му е потребен.
Единствен проблем при реализација на трансферот може да биде големата плата на 30-годишниот напаѓач, па доколку сака да се реализира трансферот ќе мора да прифати помала плата.