Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибиров блесна, Пик Сегед падна – Вардар на чекор до четвртфинале

Дибиров блесна, Пик Сегед падна – Вардар на чекор до четвртфинале

Продолжува доминацијата на Вардар на домашен терен во Лигата на шампионот, откако „црвено-црните“ го победија Пик Сегед со 34:30.

Со оваа победа Вардар се зацврсти на лидерската позиција во Групата А и сега е на само чекор од директен пламан во четвртфиналето.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По ефикасниот старт и водството на вардарци од 3-1, гостите одговорија со исто темпо и со три гола во серија во петтата минута го презедоа приматот со 3-4. Беше неизвесно, но до последната минута. Македа, а потоа Шишкарев, го искачија шампионот на 16-14, резултат со кој се замина на полувремето.

На стартот од второто полувреме, вардарци прв пат дојдоа до водство од +3 поведувајќи со 17-14, а набрзо потоа и со 18-15. Унгарците не се предадоа и возвратија со подобра игра во продолжението, која им донесе негатива од 22-20 по неколкуте брзи гола во вардаровата мрежа.

Победникот беше одлучен во последните пет минути, кога македонскиот шампион одигра поквалитетно и максимално ја искористи ризичната игра на противникот без голман.

Најдобар поединец кај Вардар беше Дибиров, кој постигна 11 гола, додека најефикасен кај гостите беше Сршен со 6 гола, колку што постигна и Циндриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…