Дома Останати Дибаба постави нов светскиот рекорд на 2.000 метри!

Дибаба постави нов светскиот рекорд на 2.000 метри!

Атлетичарката од Етиопија Гензебе Дибаба, на меѓународниот митинг во шпанскиот град Сабадељ, го собори светскиот рекорд на 2.000 метри во сала.

Дибаба, рекородот го постави синоќа, откако 2.000 метри претрча за 5:23.75 минути, што е за речеси седум секинди побрзо до претходниот рекорд на Габриела Сабо поставен во 1998 година.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) светскиот рекорд на 2.000 метри во сала не го смета за официјален. Меѓутоа ИААФ наведува дека времето на Дибаба може да биде класифициран и како рекорд на отворено бидејќи е подобар резултат од рекородот на Соња О’Саливан (5:25.36 минути).

Дибаба е сопственичка на неколку светски рекорди: на 1.500 на отворено, односно на 1.500 метри, на една и две милји, на 3.000 и 5.000 метри во сала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад…