Плејмејкерот на Барселона, Фребки де Јонг не сака да го напушти каталонскиот клуб за да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Според „Кадена Сер“ Каталонците се принудени да го продадат Де Јонг поради лошата финансиска состојба и се во напредни преговори со Манчестер Јунајтед.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Двата клуба се блиску до договор за трансфер од 80 милиони евра, но Холанѓанецот не сака да се пресели на „Олд Трафорд“.
Де Јонг се уште не дал согласност за трансферот бидејќи Јунајтед не игра во лигата на шампиони, а се сомнева дека ќе можи да се бори за трофеи оваа сезона.
Актуелниот договор на Де Јонг со Барселона истекува во јуни 2026 година, а Барселона го притиска за трансфер за да може да ги финансира другите трансфери.