Легендарниот фудбалер на Рома, Даниеле Де Роси е сериозен во намерата да влезе во тренерските води.
Најголем дел од кариерата Де Роси помина во Рома чиј дрес го носи од 2001 до 2019 година, а патот после Италија го одведе во Бока Јуниорс каде што се задржа само четири месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На таквата одлука на Де Роси и претходеа семејни причини, а откако во меѓувреме ја заврши кариерата не ја крие желбата да се врати во Бока како тренер.
„Имам визија да се вратам во Бока како тренер. Иако моето име веројатно е последно на листата желба, тоа е моја визија“, призна Де Роси за медиуите во Аргентина.
Де Роси кажа и како се чувствувал кога го напуштил клубот.
„На денот кога го раскинав договорот бев на „Бомбоњера“ и низ прозорот го видов трофејот за победникот во Копа Либертадорес. Тогаш помислив – можеби како играч не оставив ништо тука и затоа сакам да се вратам како тренер“, порача Италијанецот.