Она што пред некое време изгледаше неверојатно сега полека станува реалност. Даниеле Де Роси следната сезона ќе го гледаме во друг клуб од Серија А.
Откако искусниот играч за врска целата своја досегашна кариера ја помина играјќи за Рома раководството на римскиот клуб одлучи да не го продолжи договорот со овој 35 годишен фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден месец после заминувањето од Рома Де Роси донел одлука за својата иднината, така барем тврди реномираниот „Скај Спорт“.
Поранешниот италијански репрезентативец и наредната сезона ќе го гледаме во Серија А, откако што ги одбил понудите од Бока Јуниорс и Лос Анџелес.
Во четврток ќе се врати од одмор, ќе разговара со агентот и ќе му бидат претставени понуди од три клуба кои досега покажале интерес.
На Де Роси не му се премногу важни финансиските детали од договорот туку, амбиентот и амбициите на клубот.
Италијанските медиуми не ги откриваат имињата на клубовите, а се очекува во наредните денови да биде познато каде светскиот шампион од 2006 година ќе ја продолжи кариерата.