Дома Фудбал Италија „Де Лихт се кае што не потпиша за Барселона“

„Де Лихт се кае што не потпиша за Барселона“

Легендарниот холандски фудбалер Патрик Клајверт тврди дека неговиот сонародник Матијас де Лихт се кае што ова лето не потпишал за Барселона.

Матијас де Лихт ова лето беше на мета на многу европски гиганти и на крајот се пресели во Јувентус за сума од 75 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


19-годишниот стопер не ја започна најдобро сезоната во Серија А, па беше мета на многу критики, па и самиот призна дека ја загубил самодовербата.

Клајверт, кој работи како диретор на академијата на „Камп Ноу“ смета дека за неговиот сонародник ќе било подобро да потпишел за Барселона.

„Не се обидов да го убедам да потпише за Барселона. Само му ги претставив позитивните аспекти на Барселона, како клуб и како град. Станува збор за одличен дефанзивец кој самостојно донесе одлука. Мислам дека сега помалку жали за тоа, но така стојат работите“, изјави Клајверт.

„Во животот правите избори, понекогаш добри, понекогаш лоши. Морате да извлечете поуки од тие одлуки“, заклучи Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…