Иднината на Герет Бејл веќе подолго време е главна тема во спортките медиуми, а се чини сега конечно е позната неговата следна дестинација.
Бејл пристигна во Реал Мадрид како најскапо засилување во историјата, но во последно време не е на посакуваното ново, па се погласни се шпекуалциите за негово заминување од „Сантиаго Бернабеу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Флорентино Перез спрема реконструкција на тимот на лето, па продажбата на Герет Бејл се чини како логичен чекор, бидејќи „кралевите“ сакаат да соберат финансиски средства за нова голема ѕвезда.
„Дон Балон“ открива дека не само што е познато дека Бејл ќе го напушти Реал, туку се знае и каде ќе ја продолжи кариерата.
Имено, голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа на собирот на репрезентацијата му открил на Серхио Рамос дека Велшанецот веќе има договор со „црвените ѓаволи“ и дека на лето ќе се пресели на „Олд Трафорд“.
Мурињо сака значително да го засили тимот за следната сезона и смета дека Бејл би бил идеално засилување со кое ќе може конечно да ја нападне титулата во Премиер лигата.