Давид Де Геа долго време беше без клуб, но со вчерашниот натпревар на голот на Фиорентина каде што пристигна летово покажа дека се уште има квалитет.
Шпанскиот чувар на мрежата беше маестрален на голот на својот тим и успеа да го одведе во групната фаза од Конференциската лига.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Натпреварот заврши 1:1, па победникот се решаваше на пенали. Во пенал серијата Де Геа одбрани еден удар од белата точка и тоа беше доволно за победа.
Меѓутоа Де Геа беше одличен и во текот на натпреварот кога со неколку интервенции го спасуваше својот гол.