Дома Фудбал Репрезентации Де Бур: Јас сум виновен и ќе си поднесам оставка

Де Бур: Јас сум виновен и ќе си поднесам оставка

Фудбалската репрезентација на Холандија доживеа елиминација во осминафиналето на Европското првенство, подобра од „лалињата“ беше Чешка со 0:2.

Холандската јавност е разочарана од селекторот Франк Де Бур и бара тој да си замине. Де Бур потврди дека си поднел оставка.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Јас сум виновен, оставете ги играчите. Ја прифаќам вината и ќе си поднесам оставка“, изјави Де Бур.

Медиумите најавуваат дека Холандскиот сојуз на почетокот на наредната недела би требало да ја официјализира неговата одлука. Де Бур на клупата на Холандија седна во 2020 година, а пред тоа ги водеше Ајакс, Интер, Кристал Палас, Атланта Јунајтед, додека во периодот од 2008 до 2010 беше помошник селектор во репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Навивачите на Ливерпул го воодушевија Слот: Тоа многу зборува за клубот

Арне Слот ја пофали особената поддршка која му ја дадоа навивачите на Ливерпул откако него…