Дома Фудбал Англија Де Брујн открива како и зошто одлучил да „побегне“ од кај Мурињо

Де Брујн открива како и зошто одлучил да „побегне“ од кај Мурињо

Поранешниот играч на Челзи за англиските медиуми откри како го напуштил „Стенфорд Бриџ“ во 2014 година.

Белгиецот е еден од најдобрите фудбалери во светот, но дали би било така доколку него напуштел Челзи во 2014 година?

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Де Брујн како млад фудбалер пристигна во Челзи од белгиски Генк, но стигна како огромен потенцијал да стане играч каков што и стана денес.

Челзи го купи кога имаше само 20 години за седум милиони фунти, а потоа го испратија на позајмица во Вердер Бремен каде што цела сезона играше одлично, тогаш му покажа на Челзи дека е спремен за првиот тим.

Но, Мурињо изгледа во тоа време не мислел така.

На премиерата на документарецот за Сити „се или ништо“, Де Брујн доби прашање поврзано за Челзи.

„Имав 20 години кога одлучив да потпишам за Челзи, добив шанса во првите неколку натпревари и си помислив, во ред работите се одвиваат одлично, играм солидно и победуваме. Се се промени во еден ден. Познавајќи се себе немав трпение во тој момент и одлучив да заминам уште во јануарскиот преоден рок“, беше јасен Де Брујн.

Тогаш Де Брујн премина во Волфсбург, а каде играше неверојатно, па Сити го купи Де Брујн за 75 милиони евра и им покажа на „сините“ што пропуштиле.

Ќе потсетиме, Де Брујн на вчерашниот тренинг го повреди коленото по што би можело да го очекува пауза од два до три месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид подготви изненадувањето за Арсенал

Апсолутно никој во Реал Мадрид не се откажа од уште еден пресврт и пласман во полуфиналето…