Дома Фудбал Англија Де Брујн воодушевен од соиграчот: Ќе испишува историја во наредните 15 години

Де Брујн воодушевен од соиграчот: Ќе испишува историја во наредните 15 години

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн (32) го пофали клупскиот соиграч, Фил Фоден (23).

„Тој е еден од најголемите таленти со кои сум играл. Може да испишува историја во наредните 15 години“, изјави Де Брујн за „Телефут“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Фоден е фудбалер кој излезе од академијата на Сити, стана член на екипата на Пеп Гвардиола, а дојде до репрезентацијата на Англија.

Во актуелната сезона Фоден постигна 22 гола и запиша 10 асистенции на 45 натпревари, додека вкупно за клубот од Манчестер одира 262 натпревари во кои 82 пати беше стрелец и додаде уште 51 асистенција.

Според „Трансфермаркт“ неговата вредност во овој момент е 130 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Светското клупско првенство е апсурдно, смета директорот на Ла Лига

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, повторно ја нападна ФИФА поради Светското клупско …