Кевин Де Брујн беше херојот на Манчестер Сити кој го реши четвртфиналето против Атлетико Мадрид на „Итихад“.
Победата Де Брујн ја обезбеси со гол во 70-тата минута после асистенцијата од Фоден. Атлетико во овој прв натпревар против Сити само се бранеше, додека „граѓаните“ напаѓаа. По натпреварот стрелецот на голот порача дека во реваншот „јорганџиите“ ќе мораат да играат поинаку.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во првото полувреме одеше потешко, во второто успеавме да направиме некоја шанса и да реализираме една. Фоден одлично ме пронајде во простор. Мора да останеме збиени, очекувам сличен натпревар и во Мадрид. Ништо не е завршено, а во реваншот тие ќе мораат да не нападнат. Атлетико играше со пет во одбрана и уште пет во средината и во таква поставеност тешко се наоѓа простор“, изјави Де Брујн.