Дома Македонски спорт Мак ракомет Дејвис: Ќе ни треба време за одмор, очекувам тежок меч во Нашице

Дејвис: Ќе ни треба време за одмор, очекувам тежок меч во Нашице

По средбата во Франција во ЕХФ лигата на шампионите и триумфот над Монпелје од 28-25, екипата на Вардар1961 отпатува за Хрватска. Утре треба да го игра натпреварот од СЕХА-Газпром лигата против Нексе во Нашице.

“Очекувам да биде тежок меч во Нашице. Игравме пред два дена со Монпелје во Лига на шампионите и имаме долг пат за да стигнеме од Франција до Нашице. Секако ни треба малку време и за одмор. Игравме тежок меч и емоционален и со притисок. Морам прво да видам која ќе биде најдобрата ротација на играчи. Игравме против Нексе веќе во Скопје. Но, тие имаа доволно време за одмор и подготвовка. Ќе видам како ќе функционира екипата“, изјави тренерот Дејвис.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Натпреварот се игра со почеток од 20:00 часот.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…