Дома Македонски спорт Мак ракомет Дејвис: За два месеци невозможно е да се дојде до потребното ниво

Дејвис: За два месеци невозможно е да се дојде до потребното ниво

Македонскиот шампион Вардар доживеа тежок пораз од Веспрем со 22-30 во осминафиналето од ракометната Лига на шампиони.

Тренерот на „црвено црните“, Алфонсо Дејвис на пресконференцијата призна дека тимот има уште многу работа за да го достигне потребното ниво.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Честитки до Веспрем и нивниот тренер Илиќ на победата. Честитки и за моите момци кои макотрпно работеа во овие два месеци. Се подготвувавме колку што е можно за овој меч. Можеби одигравме само добри 15 минути“.

„Треба подобро да работиме, бидејќи во овој период од два месеци колку што сум тука е невозможно за да бидеме на потребното ниво во вакви натпревари. Имаме реванш, ќе продолжиме да се бориме. Иако резултатот не беше добар, им се заблагодарувам на сите кои дојдоа да ни ја дадат поддршката“, изјави Дејвис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…