Дома Фудбал Репрезентации Дешам вечерва ќе ја шокира Франција со списокот на играчи за ЕП?!

Дешам вечерва ќе ја шокира Франција со списокот на играчи за ЕП?!

Селекторот на Франција Дидиде Дешам вечерва ќе го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојното Европско првенство.

Според голем број прогнози Французите се едни од најголемите фаворити за освојување на „златен медал“ на Европското првенство со што оваа генерација би го затворила кругот откако пред три години во Русија станаа шампиони на светот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Франција без поголеми проблеми се пласираше на Европското првенство, а таму ќе игра во група со Германија, Португалија и Унгарија што без дилеми е најсилната група на ова ЕП.

Дешам работи навистина одлично во редовите на „Триколорите“ и доколку го освои Европското првенство многумина веруваат дека ќе ја напушти селекторската функција.

Искусниот стратег вечерва ќе го објави списокот на играчи за кои ќе смета на ЕП, а веќе се шпекулира со имињата кои ќе се најдат на него. Реномираниот „Л’Eкип“ утрово објави дека голема е веројатноста после шест години на списокот да се најде напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема кој игра во фантастична форма сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арсенал ја претстави новата скапа ѕвезда

Арсенал официјално го претстави Еберечи Езе како нов член. Тоа се случи неколку минути пре…