Џенаро Гатуз го наследи својот фудбалски татко Карло Анчелоти на клупата на Наполи.
Наполи вчера го претстави Гатузо, а денес се откриваат детали од договорот на италијанската легенда со клубот од Неапол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Гатузо има важност до 30.јуни 2020 година, а продолжувањето на соработката ќе зависи исклучив само од тоа дали ќе успее да го внесе Наполи во Лигата на шампионите следната сезона. Актуелниот вицешампион на Италија во овој момент се наоѓа на седмата позиција со осум бода заостанување од четвртиот Каљари, последното место кое води во ЛШ.
Исто така за договорот до 30.јуни 2020 година Гатузо ќе заработи сума од 750.000 евра.
„Веднаш се согласив и не зборувавме премногу за пари. Го избрав Наполи бидејќи е голем клуб, имаат одличен претседател и одлични играчи“, изјави Гатузо на претставувањето.