Дома Фудбал Детали за трансферот на Гризман: Документите стигнале на минута пред крајот на преодниот рок!

Детали за трансферот на Гризман: Документите стигнале на минута пред крајот на преодниот рок!

Антоан Гризман стана нов играч на Атлетико Мадрид.

После две години францускиот напаѓач се врати во Атлетико Мадрид на позајмица за 10 милиони евра, но клубот има обврска да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Неверојатна беше ситуацијата околу овој трансфер. Во еден момент изгледало дека зделката пропаднала бидејќи се појавил проблем со трансферот на Саул Нигез од Атлетико во Челзи.

Барселона од друга страна од Севиља на позајмица го доведе Лук Де Јонг, но поради ситуацијата со Гризман и Саул и овој трансфер беше загрозен.

Меѓутоа на крајот се поминало во најдобар ред. Документите за  овој трансфер во седиштето на Ла Лига стигнале во 23:59, минута пред истекот на преодниот рок. Токму поради ова во еден момент медиумите во Шпанија почнаа да објавуваат дека трансферот пропаднал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Душан Влаховиќ замена за Левандовски во Барселона?

По четири и пол години, Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус. Српскиот напаѓач не успеа д…