Медиумите во Португалија објавија нови детали за нападот врз Николас Отаменди. Дефанзивецот на Бенфика беше мета на добро организирана група крадци која од неговиот дом си заминала со вредност од 300.000 евра.
Вчера беше објавено за нападот врз Отаменди (тука). Напаѓачите му ставиле лисици на рацете и го врзале околу вратот за потоа да го натараат да влезе во домот каде што биле неговата сопруга и семејството.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првите информации се дека крадците си заминале со вредност од 300.000 евра (накит, часовници и пари). Бенфика го потврди немилиот настан.
„Фудбалерот и неговото семејство се добро и покрај големата непријатност. Бенфика сака да повика на почитување на приватноста на играчот и неговото семејство од страна на медиумите додека трае истрагата“, стои во соопштението од португалскиот клуб.