Дома Луд Спорт Отаменди преживеал хорор: Вооружени крадци го врзале за врат

Отаменди преживеал хорор: Вооружени крадци го врзале за врат

Дефанзивецот на Бефика, Николас Отаменди синоќа доживеал вистински хорор во својот дом во Лисабон. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вистинска драма се случила во неговиот дом кога Отаменди и неговото семејство се вратиле дома. Криминалците веќе биле во неговиот дом, па бил нападнат и удрен, а потоа и го врзале со колан за вратот.

Сопругата и синот на Отаменди, а и самиот играч биле преплашени од нападот, а крадците му одзеле пари и скапоцен часовник кој му го извадиле од рака.

„Потврдуваме дека нашиот играч Нико Отаменди бил жртва на грабеж во сопствениот дом. Играчот и неговото семејство се добро и покрај огромниот стрес предизвикан од целата ситуација. Ги молиме сите да ја почитуваат приватноста на играчот и неговото семејство додека чекаме истражителите да направат се што е потребно“, соопштија од Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

ВАР судија се обложуваше среде натпревар📷

Скандалозна ситуациа пристигнува од Бугарија од натпреварот помеѓу ЦСКА и Локомотив Софија…