Дома Фудбал Дерби на денот: „Ранетата“ Барса му гостува на Реал Мадрид

Дерби на денот: „Ранетата“ Барса му гостува на Реал Мадрид

Денес сите очи во фубалскиот свет секако ќе бидат вперени на Ел Класико, односно дуелот на Реал Мадрид и Барселона во Купот на кралот.

Ждребот сакаше најголемите ривали да се сретнат во полуфиналето, па во два натпревари ќе се борат за пласман во финалето. Секако, целта на двата клуба е освојување на Купот,а дуелот со вечниот ривал е додатен мотив.

Реал сака одмазда за Суперкупот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид минатата сезона постигна големи успеси со освојување на Примера и Лигата на шампиони, па тешко дека ќе може да го повтори тој успех. Меѓутоа, „кралевите“ не се откажуваат и до крај ќе се борат за секој трофеј, а Анчелоти потврди дека Купот оваа сезона е важна цел за тимот. За противник во полуфиналето ја одбија Барселона, па ова е шанса да се одмаздат за Суперкупот, каде доживеаа голем пораз од 3:0. Сепак, Реал сигурно нема да тргне безглаво во овој меч бидејќи Анчелоти знае дека ќе има реванш и дека победникот ќе биде познат по 180 минути. Меѓутоа, Реал ќе се обиде да ја искористи предност на домашниот терен, како и отсуството на некои важни играчи кај Каталонците, па со предност да патува на „Камп Ноу“. Реал минатото коло не успеа да го победи Атлетико, иако имаше играч повеќе и одигра 1:1, но Барса загуби од Алмерија, па разликата на врвот се намали за еден бод. Што се однесува до тимот, Анчелоти за овој меч нема да може да смета на Алаба и Менди, додека Родриго е под знак прашалник.

Барселона сака двојна круна

Барселона во лош момент доаѓа до овој дуел, бидејќи минатото коло загуби од Алмерија, а Чави нема да може да смета и на неколку важни фудбалери. Сеопак, Каталонците ќе се обидат да дојдат до позитивен резултат, па после на домашен терен да обезбедат финале во Купот. Барселона игра според очекувањата оваа сезона во Примера, иако во Европа потвфрли и не ги оправда очекувањата. Сепак, јасно е дека главна цел а Чави и дружината е освојување на Примера и конечно да ја вратат титулата на „Камп Ноу“. Во Примера имаат предност од седум бода, но сигурно Барса нема лесно да се откаже од Купот бидејќи во клубот се надеваат на двојна груна оваа сезона и ќе се бодат за тоа до самиот крај. Проблем секако ќе биде отсуството на Роберт Левандовски, кој се повреди на минатиот меч, како и отсуството на Педри и Дембеле. Иако Чави има долг ростер, сепак ова се тројца многу важни фудбалери, па значително ослабен ќе пристигне во Мадрид.

Очекување

Дуелите на овие два тима се секогаш непредвидливи, особено кога е двомеч во прашање, па може да се калкулира и победникот може да биде решен после продолженија или пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белингем призна: Ливерпул е најдобриот тим во Европа, но ние сме разочарани!

Џуд Белингем го пофали Ливерпул како „најдобриот тим во Европа“ откако на „Црвените“ успеа…