Дома Фудбал Останато Дерби на денот: Разочарувањето е неизбежно!

Дерби на денот: Разочарувањето е неизбежно!

дерби на денот

Овој натпревар претставува дерби на третото коло од квалификациите за Лигата на шампиони. Се сретнуваат вицешампионот на Португалија, Бенфика и вицешампионот на Турција, Фенербахче.

Овој дуел им е прв настап на двете екипи оваа сезона, а она што е посебно интересно е тоа што овие две екипи се сретнале пред пет години во полуфиналето од Лига Европа,  каде што пролаз обезбеди Бенфика.

Бенфика: Оваа сезона главната цел им е да ја вратат титулата во Португалија!


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Во најваата на натпреварот спомнавме дека домашниот тим пред пет години го елиминира Фенербахче од Лига Европа и таа година стигне до финале, но за жал  несреќно изгуби од Чези. Оваа екипа три години по ред беше на тронот, но Порто ги симна од таа позиција во последната сезона. Од клубот се зборува дека максимално се работи за враќање на шампионската титула и дека тоа им е главна цел оваа сезона, а Европа е малку и во втор план, но секако тоа незначи дека ќе се откажат од ЛШ. Исклучително беа лоши минатата година во групната фаза, каде што од шест натпревари не успеаа да земат ниту еден бод. Ќе дадат се од себе да го поправат тоа иако претрпеа бројни промени во својот кадар.

Фенербахче: Може ли Коку да го врати Фенербахче во Лига на шампиони?

Кога станува збор за турскиот великан зад нив е една исклучително турболентна сезона. После шокантното испаѓање од Вардар во квалификациите за Лига Европа, тимот продолжи со очајните игри и во турското првенство. Во пролетниот дел значително се подобри и во еден момент врзаа дури осум последователни победи и на тој начин стигнаа да се борат за титиулата, кој ја освои Галатасарај. Тоа што стави шлаг на торатата е отказот на тренерот кој го наследи легендарниот холандски фудбалер Филип Коку.

Наш предлог:

Двата тима имаат огромно искуство кога се во прашање европските натпреварувања. Овој пат само поради домашниот терен и домашните навивачи Бенфика има предност. Предлагаме на овој натпревар да изиграте победа за Бенфика, а за тоа ќе си добиете коефициент 1.62 во 1хBet. Исто така сметаме дека португласкиот тим ќе стегне од самиот почеток, па така похрабрите може да изиграат 1/1 со коефициент 2.46 во истата обложувалница.

ИЗВОР: КЛАДЕЊЕ.МК

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нема крај на агонијата на шампионот: Астон вила ги расплака ѕвездите на Гвардиола (Видео)

Манчестер Сити игра катастрофална сезона. Тимот на Пеп Гвардиола реди порази, а денеска „Г…