Дербито помеѓу Вардар и Работнички кое се играше без гледачи заврши и без голови.
Причина да жалат имаат „црвено-црните“ кои пропуштија одлична шанса за победа, откако Дарко Мицевски во 97-та минута од мечот промаши пенал.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Пецов играше со рака во шеснаесетникот, а судијата покажа на белата точка.
Мицевски го изведе пеналот, но голманот на Работнички Ристо Јанков со одлична одбрана донесе бод за „романтичарите“.