Мемфис Депај на лето готово сигурно ќе ја напушти Барселона, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и добро ја започна сезоната, меѓутоа Чави не е симпатизер на неговата игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пристигна Обамејанг, клубот е во потрага по нов напаѓач, па му ја отвори излезната врата на Депај.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат англиските клубови и најсилен интерес покажуваат Арсенал, Њукасл и Евертон.
Трите клуба ја започнале битката за неговиот потпис и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Депај е отворен за враќањето во Премиер лигата, каде пред неколку години имаше неуспешна епизода во Манчестер Јунајтед.
🚨 Arsenal, Newcastle and Everton all want to sign Memphis Depay from Barcelona this summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 19, 2022
(Source: @Sport) pic.twitter.com/v3PW1ZTtST