Дома Фудбал Италија Ден кога Супер Пипо го сруши Ајакс и го „запали“ Сан Сиро (видео)

Ден кога Супер Пипо го сруши Ајакс и го „запали“ Сан Сиро (видео)

На денешен ден 2003 година е одигран еден од најдраматичните натпревари во Лигата на шампионите и ден кога Пипо Инзаги го постигна најзначајниот гол во кариерата.

Во четвртфиналето од ЛШ Милан го пречека Ајакс на „Сан Сиро“ после ремито без голови во Амстердам. Тимот на Анчелоти беше десеткуван од повреди и суспензии, но во нападот го имаше расположениот Инзаги.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Токму Инзаги и постигна гол за водство на „росонерите“, но Ајакс не се предаваше и израмни на 1:1. Потоа Шевченко на асистенција на Пипо погоди за водство од 2:1, но Пиенар го шокираше Сан Сиро и израмни на 2:2.

Кога судијата покажа судиско продолжение од 3 минути се чинеше дека е готово, но во 91-та минута Супер Пипо (од никаде) се најде сам пред противничкиот голман и го матираше за победа и експлозија на Сан Сиро.

Таа година Милан ја освои Лигата на шампиони, а Инзаги признава дека голот против Ајакс е најважниот во неговата богата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул во чест на Жота ги објави сите голови што ги постигна за клубот (Видео)

Поминаа пет дена од трагичната смрт на фудбалерот на Ливерпул и репрезентативецот на Порту…