Дома Фудбал Англија Денот кога Ливерпул ја освои последната шампионска титула во Премиер лигата

Денот кога Ливерпул ја освои последната шампионска титула во Премиер лигата

Ако не се случеше пандемијата со коронавирусот Ливерпул веројатно веќе ја имаше обезбедено титулата во Премиер лигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 Ливерпул на титула во најсилната англиска конкуренција чека цели 30 години и за нив ќе беше вистинска катастрофа ако сезоната се поништеше затоа што им се потребни само уште две победи за и математички да бидат шампиони. За нивна среќа последните најави одат кон тоа дека сезоната ќе се доигра и нема да има поништување.

Точно на денешен ден, 28. април 1990 тимот на Ливерпул и навивачите на „црвените“ ја кренаа 18 шампионска титула. Тимот тогаш беше предводен од Кени Даглиш на клупата, додека на теренот беа Џон Магилтон, Брус Гробелар, Рони Велан, Ијан Ранс, Џон Барнс…Барнс беше најдобар стрелец со 22 гола.

Тогаш сигурно никој не можеше да претпостави дека тим како Ливерпул на нова титула во ПЛ ќе чека цели 30 години. Вицешампиони од тогаш биле дури пет пати, а минатата сезона и 97 поени не им беа доволни за титула поради фантастичниот Манчестер Сити. Тука е и она лизнување на Џерард во сезоната 2013/2014 во натпреварот против Челзи…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо продолжи да испишува историја

Кристиано Роналдо беше двоен стрелец во гостинската победа на неговиот тим од 3-1 над Ал-Г…