Дома Фудбал Денот кога „Бернабеу“ му се поклони на генијалецот (ВИДЕО)

Денот кога „Бернабеу“ му се поклони на генијалецот (ВИДЕО)

На денешен ден пред 14 години се одигра еден натпревар помеѓу Реал и Барселона кој не се заборава.

Барселона тогаш предводена од генијалецот Роналдињо пристигна на „Бернабеу“ и го прегази Реал со 3:0. Во Реал во тоа време играа Роналдо, Карлос, Зидан, Бекам…

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Првиот гол го постигна Самуел Ето после додавање од тогаш 19 годишниот Меси, а потоа започна шоуто на Роналдињо. Прво погоди откако ја повлече топката од центарот, лесно го издрибла Рамос, потоа и уште еден играч, па со одличен удар го матираше Касиљас. При вториот гол на Роналдињо повторно настрада Рамос, овој пат Бразилецот со прецизен удар ја испрати топката во мрежата.

Тогаш се случи сцена за паметење. Навивачите на Реал преминаа преку гордоста и го наградија Роналдињо со громогласен аплауз. Пред Роанлдињо такво нешто на „Бернабеу“ доживе само Марадона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Земјотрес“ од Шпанија: Барселона се пушти во трка по важен фудбалер на Манчестер сити

Пред околу две и пол години Манчестер Сити го сруши рекордот за најскап дефанзивец во исто…