Дома Фудбал Останато Денес ќе ги дознаеме номинираните за „Златната топка“

Денес ќе ги дознаеме номинираните за „Златната топка“

За неколку часа ќе бидат објавени 30-те номинирани фудбалери кои ќе се борат за најпрестижното индивидуално признание во фудбалот – „Златната топка“.

Француското издание „Франс Фудбал“ и оваа година етапно ќе ги открива имињата на кандидатите помеѓу 17:30 и 22 часот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Исто така ќе ги дознаеме номинираните за „Златната топка“ и кај жените, најдобрите млади таленти и најдобрите голмани.

Победниците ќе бидат познати после гласањето од специјалнито жири од 18 новинари од целиот свет, а церемонијата на доделувањето ќе се одржи на 2-ри декември во Париз.

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси заедно со Вириџил ван Дајк од Ливерпул и Кристиано Роналдо од Јувентус се фаворити за наградата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трагедија: Италијански скијач загина еден ден пред неговиот роденден

Италијанскиот скијач Матео Франкозо загина за време на тренинг во Чиле на 25 годишна возра…