Манчестер Јунајтед ги започна преговорите со шкотскиот великан, Селтик, околу трансферот на францускиот фудбалер, Муса Дембеле.
Овој 21-годишен фудбалер веќе долго е во центарот на вниманието кај англиските медиум. Со фантастичната игра го привлекува вниманието кон себе, а со одличните настапи продолжи и оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е голем љубител на играта на овој фудбалер. Одлучи да го донесе на „Олд Трафорд“ и првата фаза од преговорите веќе е заокружена.
Наскоро се очекува и службена понуда од „Црвените ѓаволи“. Не е позната сумата која Јунајтед ќе ја понуди, но се очекува да биде изразена во повеќе десетици милиони.
Дембеле стана член на Селтик во 2016. година. Порано настапуваше за Фулам, чиј член беше на младинските категории, а кариерата ја стартуваше во ПСЖ.
Оваа сезона одигра 14 натпревари, и постигна седум погодоци.