Дома Трансфер зона Демба Ба се врати во Турција: Тој е замената за Јаховиќ!

Демба Ба се врати во Турција: Тој е замената за Јаховиќ!

Најдобриот стрелец на Гецтепе и македонски интернационалец, Адис Јаховиќ се пресели во Коњаспор, а на негово место клубот го ангажираше Демба Ба.

Во Гецтепе како слободен играч пристигна Демба Ба, кој до оваа зима беше член на кинескиот Шамгај Шехуа, но последната сезона ја помина на позајмица во Бешикташ.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Таму одигра само два натпревари и постигна еден гол, па сега ќе се обиде да ја „оживее“ кариерата во Гецтепе.

Демба Ба има богата кариера, афирмацијата ја доживеа во Хофенхајм, а потоа ифраше за Вест Хем, Њукасл, Челзи и Бешикташ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…