Сенегалскиот 36-годишен напаѓач Демба Ба стави крај на играчката кариера во која во текот на 16 години беше дел од бројни клубови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Демба Ба играше и во Премиер лигата за Вест Хем, Челзи и Њукасл.
Објавувам крај на играчката кариера, но срцето ми е исполнето со благодарност. Покрај потта и солзите фудбалот ми пружи и многу убави емоции, од навивачите па се до врската која ја имав со своите соиграчи и тоа засекогаш ќе остане во моето срце“, објави Демба Ба.
Во Челзи помина само една сезоан и постигна 14 голови во сите натпреварувања, додека во Њукасл во две години постигна 29 гола.
Два пати беше шампион на Турција, со Бешикташ во сезоната 2016/2017 и со Башакшехир во сезоната 2019/2020. Играше и во Кина за Шангај Шенхуа. Негов последен клуб беше швајцарскиот Лугано од каде што си замина минатиот месец.