Дома Фудбал Лига на шампиони Деле Али во реваншот со Манчестер Сити ќе игра со скршена рака

Деле Али во реваншот со Манчестер Сити ќе игра со скршена рака

Фудбалерите на Тотенхем победија во вторникот против Манчестер Сити со 1:0 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, но во тој натпревар се повредија двајва важни играчи на овој клуб.

И додека за Хари Кејн веќе се шпекулира дека нема да настапи до крајот на сезоната бидејќи повторно ги повреди лигаментите, за состојбата на Деле Али се знае многу малку.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Поточно кажано се знае дека има проблеми со повреда на раката и изгледа дека истата е скршена. Токму поради тоа Али го напушти теренот три минути пред крајот. Вчера се сликаше со раката со што го потврди проблемот.

И додека навивачите на Тотенхем чекаат официјални вести за неговата повреда, добија информација дека тој веројатно во реваншот ќе игра со скршена рака.

Тоа е само доказ дека за Тотенхем тоа ќе биде еден од најважните натпревари во сезоната. „Петлите“ сега имаат прилика за пласман во полуфинале и кој знае кога повторно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Mислев дека ќе ме избркаат од Реал кога го повредив Зидан

Федерико Валверде зборуваше за неговиот фудбалски пат, доаѓањето во Реал Мадрид, прекарот …