Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски прими делегација од Карате федерацијата на Македонија во која беа претседателот Горан Милковски, потпретседателот Бесник Мурати како и стручниот соработник на КФМ Игор Миноски.
На средбата се зборуваше за големите резултати и успеси што каратето ги постигна во изминативе повеќе од десет години, период во кој стана пример за врвна менаџирана организација со континуитет на врвни резултати во македонскиот спорт. Федерацијата на тој начин работи во последните 12 години, предводена од доскорешниот претседател Драган Стојановски и како таква стана пример за врвно менаџирање во спортот. Покрај Извршниот одбор составен од истакнати поединци во повеќе сфери од општествениот и приватниот сектор, во федерацијата функционираат и повеќе комисии и други органи и тела, а како највисок орган е Собранието на КФМ. Исто така, од големо значење е што КФМ е позитивен пример за сите во државата и по тоа што не постои никаква поделеност по никаква основа, ниту национална, верска, политичка, полова ниту по било која друга и тоа важи за сите, од најмали до највозрасни категории и за сите официјални лица.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неизбежно стана збор и за актуелната состојба со COVID-19 каде што сите спортски федерации се погодени, а која требаше да биде и олимписка година. Нашиот главен адут во сите спортови, четирикратниот европски медалист Емил Павлов имаше врвна форма, со освоени два златни медала на две К1 карате Премиер лиги во последните пет месеци пред пандемијата, заклучно со премиер лигата во Салцбург која заврши на први март и беше последно големо натпреварување на Светската карате федерација (WKF). Формата на Емил и на уште неколку наши истакнати каратистии од кои имаме уште двајца корисници на олимписка стипендија беше во нагорна линија, како гаранција дека имаме сериозни кандидати за обезбедување на олимипска норма како и борба за медал на олимпијадата во Токио 2020.
За жал поради COVID-19 WKF беше приморана да ги откаже сите активности до крајот на годинава, а според последните информации во најава е дека оваа принудна пауза може да трае се до март 2021 година. И покрај тоа што сите се свесни дека оваа пауза е голема загуба за сите во каратето, приоритет број еден и главната цел е заштита на здравјето на спортистите, тренерите, судиите и сите кои се инволвирани во натпреварите. Од истите причини и КФМ ги пролонгира натправарите до крајот на годинава. Тука спаѓа и меѓународниот традиционален турнир „Трофеј на Македонија“ кој во изминатите неколку години беше одлична презентација на македонското карате а пред се на нашите најистакнати спортисти, кои на домашна сцена ги демонстрираа своите квалитети.
КФМ во споменатиот период се етаблира како лидер во спортот и на организациски и на спортски план како во земјава така и во светската, европската и регионалните организации. Покрај континуитетот на врвните резултати кај сениорите, каде што редовно освојуваме медали на европските првенства во конкуренција на спортисти од 50 земји, македонските каратисти редовно освојуваат медали и во помладите категории, почнувајќи од кадетска, јуниорска и У21 конкуренција. Што е особено значајно, тоа го имаме како во машка така и во женска конкуренција. Тоа е резултат и на се поголемиот број на тренери со меѓународни лиценци, како предуслов за нивно едуцирање во процесот на создавање квалитетни натпреварувачи. Покрај тоа, во претходната деценија успеавме да добиеме петнаесетина меѓународни судии со највисоки лиценци – светски и европски, кои судат борби за медали и финални мечеви на најзначајните натпреварувања. Сето тоа, почнувајќи од континуирано врвните резултати па се до менаџирањето придонесе КФМ да се презентира себеси и државата на секое меѓународно натпреварување и во минатата деценија изгради голем авторитет во највисоките структури на WKF и EKF, како и во регионалните организации во кои членува, Балканската и Медитеранската карате федерација.
Како доскорешен врвен спортист во ракометот, со над 200 настапи за репрезентацијата и поранешен Спортист на Македонија, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски истакна дека е добро запознат со се што прави Карате федерацијата, која реално има најголеми успеси во спортот. Одличната соработка со КФМ ќе продолжи и понатаму, а доколку постојат можности, истата и ќе се надгради, се со цел да се овозможи и во иднина.
остварување на високи спортски резултати. Пред се, кога ќе се создадат услови за некакви активности, да направиме заеднички напори за нашите најдобри каратисти и каратистки да бидат во врвна форма за најзначајните натпревари, пред се во обидот да остварат олимписка норма за Токио.