Репрезентацијата на Македонија денес претрпе нов тежок пораз.
Од самиот старт стана јасно дека ќе нема што да бараме и во овој дуел. Во првите 10 минути постигнавме само еден гол кој беше дело на Кузмановски, а во тие минути примивме 6. Не му одеше денес ниту на капитенот, Лазаров промаши три удари.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
До втор гол дојдовме во 14. минута Стоилов тогаш намали на 2:7.
Не се менуваше многу и во следните минути, Русите промашија неколку удари меѓутоа ние не ги користивме тие промашувања. Па затоа и во 20. минута имавме шест негатива (6:11).
Киреев одбрани и четврти удар на Лазаров. Следеа уште неколку промашувања на нашите ракометари и само беше прашање со колкава негатива ќе одиме на пауза. На пет минути до крајот Русите имаа 7:16. Нашата одбрана беше преслаба и немавме решение за одличниот Косоротов.
На полувреме се замина со резултат 9:19.
Во вториот дел ништо не се промени, а никој и не очекуваше после една таква игра и 10 гола разлика. Затоа и нема многу шта да се каже.
Треба да споменеме дека младиот Мартин Серафимов не одигра лош натпревар и постигна четири гола. Најефикасен во напшите редови беше Кузмановски со 6 гола. Капитенот Лазаров во вториот дел не влезе во игра, искуство собираа помладите.
Конечен резултат: Македонија – Русија 20:32
Последниот натпревар на ова Светско првенство Македонија го игра во недела исто така од 15:30, а противник ќе ни биде Белорусија.