НБА вчера организираше доделување на наградите за кошаркарите кои ја обележаа изминатата сезона.
Американската јавност со нетрпение очекуваше да види кој ќе ги добие наградите. На крајот како и што се очекуваше МВП за минатата сезона беше избран Јанис Антетокумпо кој имаше фантастична сезона во дресот на Милвоки.
"This is just the beginning…"
An emotional @Giannis_An34 accepts the #KiaMVP! #NBAAwards pic.twitter.com/5LhQFA81AV
— NBA (@NBA) June 25, 2019
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа она што е навистина одлично е што за најдобар млад кошаркар, односно за руки на сезоната беше избран Лука Дончиќ на кого ова му беше прва сезона во најсилната кошаркарска лига.
?THANK YOU? pic.twitter.com/PsNzx0xHPK
— Luka Doncic (@luka7doncic) June 25, 2019
Словенецот со своите одлични настапи за Далас покажа дека се работи за неверојатен талент и заслужено ја освои наградата. Дончиќ доби 98 од можни 100 гласови.
Од шест главни награди на ова доделување само две им припаднаа на Американците што не се случило навистина одамна. За тренер на сезоната беше избран Мик Будхолзер, додека американскиот кошаркар Лу Вилијамс ја однесе наградата за најдобар шести играч.
Наградата за најдобар одбранбен играч му припадна на Руди Гоберт, додека Паскал Сиакам доби награда за најголем напредок. За најдобар момент во целата НБА сезона беше избран натпревар во кој Дерик Роуз постигна 50 поени.