Дома Останати Кошарка Дебакл на црвено-белите: Црвена Звезда го доживеа најубедливиот пораз од ЦСКА

Дебакл на црвено-белите: Црвена Звезда го доживеа најубедливиот пораз од ЦСКА

Црвена Звезда го запиша својот најубедлив пораз во рамки на Евролигата од ЦСКА Москва со 59:85.

Ова е дефинитивно најлошиот меч за црвено-белите во досегашниот тек од сезоната. Иако ја добија првата четвртина, во остатокот од мечот Звезда не успеа да му парира на тимот од Москва.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во првите три четвртини одбраната на ЦСКА и дозволи на Звезда да постигне само 34 поени, а во еден момент максималната предност на гостите беше 33 поени.

Антиќ мина 21 минута на теренот во денешниот меч и запиша 9 поени и 5 скока. Рочести кај Звезда беше најпрецизен со 15 постигнати поени, додека кај ЦСКА тоа беше Нандо Де Коло со 16 постигнати поени.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ им држи лекции на судиите, а тие мирно стојат и слушаат (Видео)

Екипите се подготвуваат, а од Никола Јокиќ повторно се очекува да го води Денвер Нагетс. С…