Македонскиот женски ракометен првак Вардар изминатите неколку години наназад важеше за тим со најголем буџет, што нема да биде случајност од идната година.
Интересно, дури две вардарки се најдоа помеѓу ТОП 5 најплатени ракометарки во светот. Вардар е единствен клуб кој има две ракометарки во потесниот избор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Српската интернационалка Андреа Лекиќ и Французинката Александра Лакрабер годишно во „црвено-црниот“ табор заработуваат 205.000 евра или 17.000 евра по месец.
Најплатена ракометарка е Кристина Неагу од ЦСМ Букурешт со 265.000 евра, а втора е Нора Морк од Ѓер која годишно инкасира по 240.000 евра. Овој избор од ТОП 5 го заокружува Катарина Булатовиќ кој во Ростов Дон има годишни примања од 180.000 евра.