Дома Фудбал Останато „Да не го отстранеше дефибрилаторот денес ќе беше жив“ – кардиолог ја објасни ситуацијата на Рафаел Двамена

„Да не го отстранеше дефибрилаторот денес ќе беше жив“ – кардиолог ја објасни ситуацијата на Рафаел Двамена

Трагичната смрт на фудбалерот од Гана, Рафаел Двамена беше шок за фудбалскиот свет. Двамена минатата зима пристигна во Албанија во дресот на Егнатија и беше еден од најефикасните стрелци во првенството, а до трагичниот го довела една негова кобна одлука.

Кардиологот Антонио Асо истакна дека доколку Двамена не го отстранел дефибрилаторот кој му бил вграден поради проблеми со срцето и денес би бил жив.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


„Успеавме да го убедиме да вгради дефибрилатор за да му го гарантира животот, а во исто време го советувавме да не се занимава со професионален спорт. Ни укажуваше доверба, по вградувањето на дефибрилаторот замина од Шпанија. Некогаш ме прашуваше за конкретен совет и секогаш бев тука за него. Почина како резултат на лична одлука, но да дефибрилаторот не беше отстранет, денес Рафаел би бил жив“, изјави Асо.

Двамена многу рано, на само 16 години беше забележан од скаутите на Ред Бул, па по академијата дојде до Салзбург, подоцна го носеше дресот на Лиферин и Луштенау. Во текот на кариерата играше уште за Циринг, Веље, Линц, Олд Бојс, Сарагоса и Леванте каде што ја делеше соблекувалната и со македонскиот репрезентативец Енис Барди.

За репрезентацијата на Гана настапи на девет натпревари и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…