Денес победа беше поразена во дербито со Слога Виница (1:2), а после натпреварот оставката си поднесе Дарко Крстески.
“По двата последни лоши резултати и поразите од Саса и Слога ја преземам одговорноста врз себе. На ФК Победа и посакувам успех во продолжение на сезоната во Втората лига-Исток и остварување на зацртаната цел-пласман во Првата лига“, изјави Крстески.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На врвот на табелата на Истокот по денешните натпревари Слога Виница има 31 бода, Саса е втора со 27, Победа трета со 26…
Фото: ФК Победа