Tимот на Каменица Саса денес го претстави и последното засилување Дарко Алексовски – Пеле.
Трансферот беше потврден на клупската страница.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„ФК Каменица Саса Ви го претставува новото и последно засилување во овој преоден рок. Се работи за одличниот Дарко Алексовски, фудбалер кој игра на позицијата заден везен и кој доаѓа од редовите на Силекс од Кратово. Дарко Алексовски е поранешен фудбалер на Брегалница, Миравци, Осогово, Баби, Кит-Го, Силекс, Максима (БиХ), Синѓелиќ и Борча (Србија) и Локомотива. Дарко Алексовски по вторпат го облекува дресот на ФК Каменица Саса, тој беше член на зелено-црниот тим додека се натпреваруваа во третата фудбалска лига“, стои во соопштението.
Фото: ФК Каменица Саса