Митјиланд денеска на домашен терен го победи Никопинг во директниот дуел за четвртото место во групата 1, славејќи со 24-20 и со тоа го освоија последното место кое води во четвртфиналето. Митјиланд завршува како четврти со шест бода, зад ЦСМ Букурешт, Ростов и лидерот Ѓер.
Вардарки кои го освоија претходно првото место во втората група го добија убедливо најлесниот противник од првата група, па сега имаат отворен пат кон петто учество на завршните турнири, последно за овој Вардар, сооглед дека европскиот тим се распаѓа со одлука на раководството и од следната сезона ќе игра со младинки.