Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Арсенал, Дани Велбек кариерата ќе ја продолжи во Брајтон, каде потпише едногидишен договор.
За 29-годишниот фудбалер, тоа ќе биде четвртиот клуб во Премиер лигата по Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ватфорд. Велбек има и 42 натпревари со репрезентацијата на Англија, на кои постигна 16 погодоци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тој е брз и технички многу поткован. Ќе ја зголеми нашата напаѓачка моќ и ние сме многу возбудени да имаме уште еден играч со искуство и квалитети“, прокоментира менаџерот Потер.
Велбек ќе го носи дресот со број 18 и се очекува да биде на располагање за дуелот со Вест Бромвич Албион во следното коло од Премиер лигата.